11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тупанчески: Новиот Закон за вештачење влегува во владина процедура

Со новиот Закон за вештачење кој за десетина дена ќе влезе во владина процедура се очекува да се надминат сите недостатоци и дефекти кои се случуваат во моментов во оваа сфера. Ова го најави министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на дигиталната судница во Основниот кривичен суд Скопје.

,,Констатирани се дефектите и јас мислам дека тоа законско решение ќе овозможи решавање на сите досегашни наталожени проблеми почнувајќи од тоа како ќе биде изработен регистарот на вештаци, како ќе се добива лиценца и т.н. Законот ќе содржи прецизни правила за тоа како ќе се одвива вештачењето во иднина”, рече Тупанчески.Прашан за тоа што може министерството да направи за предметот за случајот „Ласкарци“ кој подолго време го чека супер вештачењето, Тупанчески потенцира дека не сака да коментира одделни случаи.,,Министерството за правда се обидува, во рамки на своите ингеренции, на создавање на оптимални услови, но работата за правораздавање е сепак работа на судовите и останатите субјекти кои се учесници во постапките”изјави Тупанчески.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Во очајнички обид да се злоупотреби трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека функционерите на СДСМ доследно работеле по закон

C +

Филипче: Муцунски да одговори дали во Македонија ќе се носат мигранти по договор со Британија?

C +

Филипче за Кузмановски: Многу сериозно прашање е дали во таква состојба не загрозил некои пациенти

C +
error: Соддржината е заштитена.