Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Малолетник со тешки повреди донесен во болница, откако со мопед излетал од патот

На 27.10.2022 во 01.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај с.Доброшане, мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од с.Доброшане, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен малолетен сопатник од с.Доброшане, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница во Куманово.

Извршен бил увид од екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ДЕНЕС – До 32 степени, но чадорот не го оставајте дома: Попладне можен пороен дожд и грмежи

ДЕСК

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК