Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МОН: ќе се преиспита содржината на учебникот по историја за 6то одделение

Комисија формирана со одлука на министерот за образование и наука ќе ја преиспитува содржината на учебникот по историја за 6то одделение, откако до министерството пристигнаа повеќе претставки дека одредени податоци и информации кои се објавени во учебникот не соодветствуваат со научната реалност.

Во законски утврден рок од 10 дена, Комисијата има обврска до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот, доколку членовите констатираат дека претставките се основани. Во зависност од обемноста на материјата која треба да се преработи, ќе биде донесена одлука за корекција на постојниот или за израбока на целосно нов учебник по соодветниот предмет.

МОН и другите надлежни институции ќе продолжат да работат на подобрување на содржината на учебниците кои се користат во основното и средното образование и во целиот процес и понатаму ќе биде вклучена јавноста, односно граѓаните кои имаат можност да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса book@mon.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Разликата е околу 200 гласа, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

ДЕСК

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК