Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Трагедија во Волково: Излета мини-купер и се запали – загина млад скопјанец, друг е повреден

На 28.10.2022 во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„60“ и ул.“58“ во с.Волково, скопско, патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале А.С.(26) од с.Волково и А.Г.(28) од Скопје, излетало од коловозот и се запалило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Во несреќата, на местото на настанот починал А.Г., а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Додека, со повреди се здобил А.С. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

* фотографијата е илустрација и не претставува извештај од актуелниот настан / архива

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК