10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Многумина ги сакаат, но тајно: Овие се 5 игри во кревет за кои ретко зборуваме

Секој од нас сака различни работи во животот. Додека едни би го поминале целиот свој живот на плажа, други не би се симнале од планина. Истата приказна е и за сексот.

Сексуалните дејствија кои се сметаат за табу се всушност сосема нормални, а уште поедноставно кажано, тие се преференци.

За нешто да спаѓа во категоријата сексуално табу, мора да биде надвор од стандардната пенетрација и орален секс. Традиционалните стереотипи спречуваат многумина да ги изразат своите сексуални желби со децении, нарекувајќи ги изроди.

Денес многу нешта се поинакви и иако сè уште има и такви кои не зборуваат за своите сексуални преференции, бидејќи се срамат од нив, се повеќе луѓе сфаќаат дека нема ништо лошо во тоа.

Играње игри
Ваквото секси табу може да има многу форми, од мајсторот кој дошол да ги поправи цевките што протекуваат во кујната до непослушната ученичка која треба да биде казнета. Со ова табу, сè се сведува на поттикнување на имагинацијата и жешката фантазија која ја има во изобилство. Сцените од филмовите се особено популарни за пресоздавање на ова табу. Помислете само на мускулести млади мажи кои чистат базени или француски слугинки.

Стапалата како фетиш
Огромен број луѓе ширум светот го имаат овој фетиш, па затоа е всушност неверојатно што тој сè уште се смета за табу. Колку и да звучи бизарно, некои луѓе ги сметаат туѓите стапала доволно секси што не им е потребна друга стимулација за да доживеат кулминација. Иако женските нозе во мрежести чорапи изгледаат многу заводливо, не треба да се мешаат стапалата како фетиш со убавите женски нозе.

Егзибиционизам
На многумина сè уште им е тешко да ги прифатат и откријат своите фетиши, особено ако се работи за нешто како егзибиционизам. Наједноставно кажано, егзибиционизам е кога личноста сака да ја гледаат други луѓе додека води жестока љубов. Всушност, голем број луѓе во свингерските кругови уживаат во овој чин, а ним им се придружуваат и парови кои се во отворени полиаморни врски.

Секс во јавност
Голем број луѓе не можат да одолеат на предизвикот да водат љубов со својата сакана на јавно место, каде што многу лесно би можеле да бидат фатени. Посебно ги возбудува фактот дека мора да бидат тивки. Ова особено се однесува на сексот во тоалет на кој било ресторан или деловен објект, па дури и во авион. Исто така, тука спаѓа водењето љубов во базен или на задното седиште во автомобилот. Сè се сведува на фактот дека е возбудливо да се криеш и потенцијално да бидеш фатен на дело.

Покорност и доминација
Садизмот, мазохизмот, потчинувањето и доминацијата се дел од равенката што им овозможува на поединци да откријат што ги води до кулминација. Додека на поединците им пречи улогата на доминација во врската, другите уживаат слепо да го слушаат она што се бара од нив. Во двата случаи, станува збор за огромна желба да се истражува сопствената сексуалност до нејзините најдлабоки делови.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Многумина ќе се изненадат: Овој хороскопски знак е најлош во кревет

M T

Овие хороскопски знаци се најдобри во кревет

M T

Мажите мразат кога жената ја прави ОВАА работа во кревет, но тоа не го признаваат

M T

Со овие едноставни трикови зачинете ја атмосферата во креветот за да ЗАБЛЕСКАТЕ

M T

Три хороскопски знаци кои се најперверзни во кревет

M T

Еве зошто сепак НЕ ТРЕБА да го местите креветот веднаш по будењето

M T