Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен крадец, фатен веднаш по извршеното дело, украдените пари вратени на сопственикот

На 26.10.2022 во 23.05 часот на ул.„29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода О.М.(30) од с.Џепчиште, тетовско.

Тој бил фатен веднаш по извршување кривично дело „разбојничка кражба“ во аптека на истата улица, каде што физички ја нападнал вработената и одзел пари од дневниот промет. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По преземени мерки било утврдено дека лицето било барано по потерница за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот против О.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК