Centar.mk
ЛОКАЛНО

Завршни работи на пешачката патека во Мралино во должина од 700 метри

Градежните активности во Општина Илинден продолжуваат да се одвиваат со интензивно темпо, финишира изградбата на пешачката патека во н.м. Мралино во должина од 700 метри.

Денеска увид во градежните работи на овој значаен проект направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во разговор со граѓаните тој истакна дека пешачката патека е од голема важност за жителите од Мралино, ќе се зголеми безбедноста на пешаците и сите учесници во сообраќајот.

Во рамки на проектот за подoбрување на патната инфраструктура, изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалните улици и патишта, продолжува и реконструкцијата на главната улица во н.м Мралино што претставува капитален проект на општината.

Општина Илинден со овие градежни активности, продолжува да вложува во унапредување и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА – Објавени термините за Кисела Вода, Петровец и Сопиште

ДЕСК

ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ВОДАТА ВО СКОПЈЕ – Водовод извршил стотици анализи, еве што покажале испитувањата

ДЕСК

Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад

ДЕСК