Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Метеж на македонско-бугарската граница – многу Бугари пазарат во Источна Македонија

Помалку од еден час возење е потребно за да се поминат 40 километри од Благоевград до Делчево, рута која се повеќе Бугари на поминуваат со цел да се стигне до поевтини и поквалитетни производи.

Последните викенди забележана е се поголема фреквентност на македонско-бугарската граница од шопинг патувањата на жителите на западните бугарски градови. Како што кажуваат тие, доаѓаат во земјава на пазарење бидејќи цените на производите се од 10 до 20 отсто поевтини отколку дома.

Освен тоа, тие се задоволни и од квалитетот на македонските млечни и месни производи, за кои кажуваат дека се подобри и повкусни од бугарските.

Ваквиот „шопинг туризам“ ги натера и туроператорите од западниот дел од Бугарија освен кратки тури до културни и историски знаменисти во Северна Македонија, да нудат и шопинг патувања.

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата во Македонија – Колкава ќе биде корекцијата на цените на бензинот и дизелот?

ДЕСК

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК