Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето на Фронтекс со ЕУ на македонски јазик, обвини СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето со Фронтекст на македонски јазик, прв официјален договор со ЕУ на чист македонски јазик.

Вчера за македонската државата беше голем ден. Потпишан е Договорот за Фронтекс, прв официјален договор со ЕУ на официјален македонски јазик, без фусноти, без какви било додавки и појаснувања.

Ова е исклучително важен и историски настан за македонскиот народ, затоа што целосно се потврдува македонскиот јазик во ЕУ и се издигнува на рамниште на сите останати 24 јазици во Унијата.

Се што кажаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се потврди дека е безобразна лага.

Затоа ли Мицкоски нема доблест да излезе пред граѓаните и да честита за успехот на државата?

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК