Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Македонија и Јордан потпишаа прв меѓународен договор, ќе се зголемува размената на прехранбени производи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на посетата на Јордан, се сретна со министерот за земјоделство, Кхалид Ал Ханифат со кого потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Хашемитското Кралство Јордан за соработка во областа на земјоделството, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите двете земји.

„Со потпишување на овој документ, создаваме основа за интензивирање на размената на прехранбени продукти и земјоделски производи, особено во делот на зголемување на извозот на овошје, зеленчук и јагнешко месо од Северна Македонија во Јордан, а од Јордан зголемување на увоз на маслиново масло и урми во Северна Македонија. Тоа е особено важно за двете земји, имајќи ги предвид актуелните предизвици со безбедноста на храна во овој регион и потребата од диверзификација на снабдувањето со прехранбени продукти. Од друга страна, ние име потенцијал за кој ни се потребни нови пазари и немам сомнеж дека ова ќе биде уште еден чекор кон продлабочување на билатералните односи во полза на граѓаните од двете земји”, истакна Османи

Двајцата соговорници потенцираа дека особено значајна е размената на искуства во областа на земјоделската политика, спроведување на конкретните мерки за подобрување на земјоделското производство, безбедноста на храната како и управувањето со водите, за што се заложија за спроведување идни проекти од интерес на двете страни.

Можеби ќе ве интересира

Отежнато гасењето на пожарот во беровско – Вечерва координативниот состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Берово

ДЕСК

КОНЕЧНО ЌЕ ЗДИВНЕМЕ ОД ПЕКОЛНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ДОАЃА ПОВЕЌЕДНЕВНО ЗАЛАДУВАЊЕ СО ОСВЕЖУВАЊЕ ОД ДОЖД – Метеоцентар со неколкудневна детална прогноза

ДЕСК

НИ ВЕЧЕРВА НЕ СТИВНУВААТ ПОЖАРИТЕ, ГОРИ НА 15 ЛОКАЦИИ – 11 се активни пожари, 4 се под контрола

ДЕСК