23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Половина од Германците не можат да заштедат ништо

Инфлацијата се повеќе ги притиска Германците.

Во меѓувреме, сè помалку од нив успеале да заштедат пари, покажува истражувањето објавено во понеделникот од Институтот за германска економија (IW), пренесува dpa.

Сега само секој втор граѓанин има можност редовно да заштеди дел од својот приход, наведува IW. Во екот на пандемската криза пред две години, 70 отсто од испитаниците можеа да го направат тоа.

Галопирачките цени особено ги погодуваат оние со ниски плати, помалку од 1.500 евра месечно – во 2020 година штеделе 35 отсто, а денес само секој петти.

Граѓаните се најмногу погодени од поскапувањето на енергенсите – гасот и струјата. Две третини од околу 2.000 испитаници во онлајн анкета во септември конкретно се пожалија на тие две ставки.

Инфлацијата, која во септември за прв пат во последните 70 години достигна 10 проценти, е поттикната од цените на енергијата и храната. Ова исто така значи дека овие неизбежни ставки трошат пропорционално поголем дел од буџетот на домаќинството.

Влошувањето на состојбата се чувствува и кај економски средната класа. Во истражувањето на IW, само 52 отсто од испитаниците со приход од 2.000 до 2.500 евра рекле дека можат да штедат, наспроти 80 отсто две години претходно.

Ова се однесува на приход пондериран според специфичните потреби на испитаниците – на пример, самци, семејства со еден родител или цели семејства.

Економскиот слој со најдобри примања, повеќе од 3.000 евра месечно, и натаму главно се држи во вообичаените граници. Сега 85 проценти од нив сè уште можат да штедат, во споредба со 93 проценти во 2020 година.

Во септември, IOW анкетираше 2.010 возрасни лица во Германија за нејзиното редовно истражување.