Centar.mk
БИЗНИСвест

Финска го суспендира транспортот на стока во Русија

Финската државна железница „ВР Груп“ целосно ќе го запре транспортот на стока во Русија до крајот на годинава, изјави денеска директорката на компанијата Елиса Маркула.

„Товарниот сообраќај кон исток ќе биде целосно прекинат најдоцна до крајот на оваа година“, рече таа, објави весникот „Каупалехти“.

Финската компанија до крајот на септември го намали товарниот сообраќај кон Русија за 65 отсто.

Оваа пролет, Финска објави дека има намера целосно да го запре железничкиот товарен сообраќај кон Руската Федерација.

„ВР Груп“ на 28 март на неодредено време го прекина патничкиот сообраќај на линијата Хелсинки – Санкт Петербург.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ПАРИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ, ТРГНА ИСПЛАТАТА НА К-15 – Еве колку треба да добијат работниците и какви казни им се закануваат на фирмите што нема да платат

ДЕСК

УБАВА ВЕСТ ЗА СКЕНИРАЧИТЕ НА СМЕТКИ – Еве до кога треба да легнат парите од „МојДДВ“ на трансакциските сметки

ДЕСК

ОБЈАВЕНА НОВАТА КУРСНА ЛИСТА ЗА 14 НОЕМВРИ – Еве колку вредат еврото, доларот, фунтата и швајцарскиот франк

ДЕСК