Centar.mk
БИЗНИСвест

Финска го суспендира транспортот на стока во Русија

Финската државна железница „ВР Груп“ целосно ќе го запре транспортот на стока во Русија до крајот на годинава, изјави денеска директорката на компанијата Елиса Маркула.

„Товарниот сообраќај кон исток ќе биде целосно прекинат најдоцна до крајот на оваа година“, рече таа, објави весникот „Каупалехти“.

Финската компанија до крајот на септември го намали товарниот сообраќај кон Русија за 65 отсто.

Оваа пролет, Финска објави дека има намера целосно да го запре железничкиот товарен сообраќај кон Руската Федерација.

„ВР Груп“ на 28 март на неодредено време го прекина патничкиот сообраќај на линијата Хелсинки – Санкт Петербург.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Мицкоски најави намалување на цените на бензинот и дизелот

ДЕСК

Објавена е нова листа на должници со имиња на фирми и луѓе за данок кон државата

ДЕСК

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК