Centar.mk
КУЈНА

Вкусна и лесна за подготовка: Крем супа од целер

Полн е со витамини и минерали и е одличен извор за пролетна детоксикација.

Состојки:

1 кромид

половина целер

1 морков

3 компири

2 чешниња лук

2 лажици јогурт

1 лажица маслиново масло

бибер,

магдонос

Подготовка:

На масло пропржете го кромидот и сечканиот целер и додадете го сечканиот лук. Ставете ја водата и додадете ги компирите, морковите и зачините исечкани на коцки.

Гответе додека зеленчукот не омекне.

Сварената супа тргнете ја од ринглата, додајте го јогуртот и целата содржина измешајте ја со миксер.

Послужете ја супата по желба, додадете уште малку јогурт.

При сервирање посипете со сечкан магдонос.

Можеби ќе ве интересира

Го одмрзнувате месото на маса? Еве зошто тоа не е добра идеја

ДЕСК

Сите ја прават оваа грешка: Вака јагодите ви скапуваат за еден ден

ДЕСК

Тајна за совршено крцкави компири: едноставен трик што го користат професионалци

ДЕСК