14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

На скопјани им се заканува долг од речиси еден милион евра?!

Ако до крајот на годината Арсовска испрати одговор до ЕБОР дека го откажува проектот Бас Рапид Транспорт, ќе ги задолжи граѓаните со 890.000 евра за трошоци и камати за кредитот, најавува Civilmedia.

Освен што им ја укина можноста на скопјани да се обидат до 2024 година да добијат две линии на еколошко автобуско метро со капацитет да превезува 65.000 патници на ден, што ќе придонесе да се намали аерозагадувањето, градоначалничката Арсовска не одговорила досега јавно што ќе се случи со заемот од 70 милиони евра на ЕБОР за Бас Рапид Транспорт кои „легнаа“ во Министерството за финансии.

Од договорот со ЕБОР произлегува дека првата транша од кредитот треба(ше) да биде повлечена во октомври минатата, 2021 година, и со тоа заемот ќе се активираше за да се реализира според ставките од планот за реализација на БРТ со соодветни суми за секоја позиција.

Она што се навестува и станува сосема извесно, бидејќи проектот е запрен, односно не ни почна да реализира, соодветно на клаузулите од договорот, започнаа да течат трошоците за кредитот и каматата од 0,5% годишно и доколку градоначалничката Арсовска или ЕБОР го поништат договорот, овие трошоци до крајот на оваа година можат да достигнат до 890.000 еввра.

Од Министерството за финансии уште еднаш ни потврдија дека градоначалничката Арсовска и понатаму ги игнорира и не им одгововара што планира да прави со овој проект и со одобрените стедства за финансиска поддршка за реализација на БРТ.

Од добро упатени извори имаме информација дека Арсовска зе јавувала во ЕБОР со намера да добие одобрение кредитот за БРТ да го пренамени за набавка на дел од 250-те автобуси што ги вети, но дека од таму добила одговор дека станува за специјален, наменски кредит под поволни услови одобрен токму затоа што еколошкиот трамвај на тркала е високо оценет од европските експерти како зелен проект кој ќе овозможи еколошки и побрз транспорт во градот.

И додека Арсовска уште молчи по ова прашање, парите си работат, односно ЕБОР ќе си го наплати трошокот и „лежарината“ за кредитот. Колку повеќе ќе се одлага, толку повисоки ќе бидат трошоците што на крајот ќе ги платат граѓаните на Северна Македонија.

Спонзорирано: