23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

По 24 години во Институтот за македонски јазик се вработуваат 17 млади

Владата ја поддржува дигитализацијата на сите картотеки, со пет милиони единици во Институтот за македонски јазик, а оваа година, по 24 години пауза, се вработуваат и 17 млади луѓе во инстутотот, од кои 13 научници, магистри и доктори на науки.

„Ова е вистинска грижа за македонскиот јазик – низ дела“, посочи премиерот Димитар Ковачевски на настанот „Отворени денови на Институтот за македонски јазик“. Тој на нововработените им посака успешна научноистражувачка работа по стапките на Конески, Димитровски, Стаматоски, Корубин,

Грижата за македонскиот јазик е видлива и во тоа што јазикот е официјализиран после Обединетите Нации и во Европската Унија. Само пред неколку дена, Советот на ЕУ ја усвои одлуката за потпишување на ФРОНТЕКС договорот на чист македонски јазик, без било какви додавки и ѕвездички.

„За македонскиот јазик активно да живее, треба да има и луѓе кои го зборуваат – и денес и во иднина. А тоа ќе се случи само ако државата им понуди иднина на младите за тие да останат тука и да го зборуваат јазикот, да го збогатат и да ја пренесат љубовта кон него на своите деца и на своите внуци понатаму. Она кон кое целам со ова што го кажувам сега, е дека ако нашите деца си заминат, нема да остане никој кој ќе зборува на јазикот на нашите предци. А дали ќе биде тоа така, зависи само од нас“ рече Ковачевски и додаде дека за тоа се потребни услови за младите да останат дома.