11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Ми претставува неизмерна чест и задоволство што присуствував на канонизација за Светител на Кирил Лешочки

Фејсбук статус на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Ми претставува неизмерна чест и задоволство што присуствував на канонизација за Светител на Кирил Лешочки, а воедно и одбележување на 10 години хиротонија за епископ на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј”.

Денеска, Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со чинот на канонизација, со кој чиноначалствуваше Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, и со Света Божествена Литургија, го вброи во редот на светиите, Свети Преподобен Кирил Пејчиновиќ, македонски просветител и црковен деец, не само на просторите на тетовско-гостиварската епархија, туку и пошироко, низ целата држава.

Впишувањето во диптихот на светиите на Свети Кирил Лешочки има огромно историско, културно и духовно значење за македонскиот народ и македонската православна црква.

Светоста е основниот мотив за живот на христијаните, а со ваков чин се напојуваат срцата на Христољубивите души.

Нека овој чин биде духовен плод – уште еден молитвен покровител за верниот македонски народ.

Во оваа прилика, би сакал да упатам најискрени честитки до Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, за големиот животен хуманитарен подвиг, за еден поинаков начин на живот, мислење и сфаќање, особено за ова време, како и за целосната предаденост кон Христа. Дозволете ми да споделам една мисла од Владиката Јосиф – „Децата од домовите се моето големо семејство, ако ги заборавам, сум се заборавил себе си.”
Таквото милосрдие е основната добродетел во христијанството.

Нека уката од Свети Кирил Лешочки и од Владика Јосиф, бидат пример во верата, во ревноста, да се проповеда спасението со кое Христос го трансформираше и човекот и светот.
Нека е за многу години!

Спонзорирано: