Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Како македонскиот јазик се одбрани од надворешните и внатрешните „баби тажачки“

Пишува ЗОРАН БОЈАРОВСКИ за Civilmedia:

Највисокото тело на ЕУ – Европскиот совет донесе одлука за потпишување на договорот за соработка во управувањето со границите меѓу Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) и Северна Македонија. Советот ќе ја испрати нацрт-одлуката за склучување на договорот до Европскиот парламент за негова согласност преведен на 25 јазици, меѓу кои и на македонски јазик и доставен до земјите членки на Европската Унија.

Договорот, како беше соопштено, ќе биде изработен во дупликат на бугарски, хрватски, чешки, дански, холандски, англиски, естонски, фински, француски, германски, грчки, унгарски, ирски, италијански, летонски, литвански, малтешки, полски, португалски, романски, словачки, словенечки, шпански, шведски и македонски јазик, секој од текстовите подеднакво автентични.

Молам, да се подвлече со две линии – на македонски и на бугарски, вклучително и на останатите 23 јазици на земјите членки на ЕУ.

Ова е прв договор меѓу ЕУ и Северна Македонија во ваков формат кој ќе биде стандарден за сите останати договори меѓу Брисел и Скопје.

За успешно имплементирање на стандардите на ЕУ, нашата земја го спроведува преводот на правото на ЕУ како наша обврска која мора да биде извршена со највисок квалитет и да се одвива континуирано и да биде завршено во текот на процесот за полноправно членство, кога македонскиот јазик ќе го добие статусот на еднаков и официјален јазик на Унијата.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК