Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нов сомнителен случај на западнонилска треска, испитувањата траат

На Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај на западнонилска треска. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето, информира Министерството за здравство.

Од таму велат дека, во координација со надлежните здравствени установи, продолжуваат внимателно да ја следат состојбата и велат дека навремено ќе ја информираат јавноста за сите нови релевантни податоци.

Во врска со епидемиолошката состојба во Гостивар, од Министерството информираат дека е намален бројот на извршени прегледи.

„Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК

ИВА МИХАИЛОВА СО НОВА ИЗЈАВА ПО СНИМКИТЕ ОД БУГАРИЈА – Тврди дека никој не ја принудувал на ништо

ДЕСК

УШТЕ 11 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Возеле без положен испит, под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК