Centar.mk
СВЕТ

Погоден брод во Ормускиот теснец

Товарен брод е погоден од „неидентификуван проектил“ во Ормускиот теснец покрај брегот на Оман, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO).

Инцидент покрај брегот на Оман

Инцидентот се случил околу 37 километри североисточно од оманскиот град Хасаб, објави UKMTO, без да даде детали за штетите или повредите на екипажот, истакнувајќи дека истрагата е во тек.

Иранската влада побара бродовите да пловат низ Ормускиот теснец по должината на иранскиот брег, постојано нагласувајќи дека само рутата одредена од Техеран е безбедна.

Спорот околу навигацијата низ стратешкиот воден пат, клучен за испорака на нафта, гас и ѓубрива на светските пазари, стана главна точка на сопнување во конфликтот меѓу Иран и САД./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РЕЧИСИ 1.500 МИГРАНТИ СПАСЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН КАЈ КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ – Највисок дневен број од 2020 година

ДЕСК

НОЌНИ НАПАДИ СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА – Загинат инженер, оштетени трафостаници и мост, пожар во индустриски комплекс

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА И ВОЕНИТЕ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО ЦРНА ГОРА СО НОВ ДОГОВОР – Ќе разменуваат податоци за криминал

ДЕСК