Centar.mk
ТЕМАТЕХНОЛОГИЈА

Еден милион корисници на Фејсбук предупредени за апликации за крадење лозинка

Предупредувањето се однесува на апликации, кои се маскирани како „забавни и корисни“, а всушност ги крадат лозинките на корисниците.

Мета издаде предупредување до милион корисници на Фејсбук дека информациите за нивната сметка можеби биле компромитирани од надворешни апликации на продавниците на Google и Apple.

Во новиот извештај, безбедносните истражувачи во Мета идентификуваа повеќе од 400 малициозни апликации дизајнирани да украдат ингеренции од сметките на корисниците на Фејсбук.

Апликациите наводно се маскирани како „забавни и корисни“ услуги, како што се уредници на фотографии, апликации за камера, VPN услуги, хороскопи и фитнес тракери.

Апликациите често бараат од корисниците да се пријават со нивната сметка на Facebook пред да пристапат до ветените функции. Сепак, ова е само алатка за кражба на информациите на корисниците на Facebook.

Исто така, се истакнува дека голем број од овие апликации едвај биле функционални пред да се најави корисникот, а многумина не нуделе функции дури и по пријавувањето.

Мета ги извести и Apple и Google за ситуацијата, па сега останува на нивните продавници за апликации да обезбедат отстранување на малициозниот софтвер.

Можеби ќе ве интересира

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

НАСА одреди нов датум за историската мисија околу Месечината

C +

Летало на НАСА се враќа на Земјата по 14 години: тежи 600 килограми

C +