25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

До понеделник сончево со ниски утрински и виоски дневни температури, од вторник невреме – Детална прогноза за следните 4 дена

До понеделник ќе се задржи стабилно време со ниски утрински и релативно високи дневни температури. Во деновите од викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во вторник ќе настапи зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.

Прогноза за 08.10.2022
Минимална температура: -1°C до 9°C
Максимална температура: 20°C до 26°C

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Прогноза за 09.10.2022
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 22°C до 26°C

Сончево со мала до умерена облачност. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 10.10.2022
Минимална температура: 2°C до 11°C
Максимална температура: 20°C до 25°C

Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од северен ,а попладне од југоисточен правец.