26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсени се пробиштипјани, фатени при тешка кражба

На 05.10.2022 во 00.30 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода Р.П.(31) и Д.С.(34) од Пробиштип. Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во објект во изградба на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип.

По преземени мерки, полициските службеници расчистиле уште 13 кривични дела за кои постои основи на сомнение дека се извршени од Р.П.(31) од Пробиштип.

Во службен разговор во Полициската станица Пробиштип тој признал дека во периодот од јули 2022 до октомври 2022 година на подрачјето на ОВР Пробиштип извршил 11 кривични дела „тешка кражба“ со кои сe оштетени четири правни и две физички лица од Пробиштип, едно кривично дело „загрозување на сигурноста“ извршено врз работник од обезбедување во рудник и едно кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Дел од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените.

На 05.10.2022, против Р.П. до ОЈО Штип е поднесена кривична пријава, а од Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор и е спроведен во затвор Куманово.