Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја во ЕУ.

„Можно е да биде потребна помош и во рамките на ЕУ“, рече еврокомесарот на прашањето дали постои реална опасност да има голем прекин на електричната енергија во Европа.

Ако само одреден број земји-членки се погодени од проблем, како што е прекин на струја, другите земји од ЕУ би можеле да испорачаат генератори за електрична енергија преку Европската комисија, како што се случува во случај на природна катастрофа, објасни комесарот.

Можеби ќе ве интересира

Уделот на Самсунг (“Samsung“) премиум смартфоните расте во Европа: Galaxy S26 Ultra е на водечката позиција

ДЕСК

Wizz Air најавува отворен ден за пилоти за својата база во Скопје

ДЕСК

„Алкалоид“ одликуван со плакета за најдолго котирано акционерско друштво на Македонската берза

ДЕСК