17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Од четврток почнува исплатата на зголемените пензии за септември – Еве кога треба да ги проверите сметките

Владата на минатата седница на деловните банки и препорача да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.09.2022 година.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година (четврток); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник); За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022 година (вторник).

Со септемвриската пензија, пензионерите на крајот на месецов ќе добијат повисоки пензии за 6,8 %.

Зголемувањето е направено согласно новата методологија одобрена во март годинава.