22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Битиќи на конференцијата на ОЕЦД: Младите треба да имаат место на масата, нивниот глас мораме да го слушаме кога носиме одлуки за нивната иднина

Денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на конференцијата за Југоисточна Европа на тема Човечки капитал, миграција и како да ја обликуваме иднината заедно, во организација на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во продолжение ви го праќаме неговото интегрално обраќање:

„Ви благодарам што сте денеска тука, за да ги слушнеме увидите од Студијата за миграција на трудот на Западен Балкан: мапирање на шеми, решавање предизвици и искористување на бенефитите, како и што ќе имаме шанса да дискутираме за истите.

Извештаите како овој ни помагаат нам, креаторите на политики, да создаваме квалитетни политики. А овој пат целта се младите.

Собранието ја усвои новата Резолуција на миграциски политики и акцискиот план за 2021-2025 за државата, во декември 2021 година.

Спроведовме реформа за Дуалното образование со цел да обезбедиме поголема флексибилност и одговорни стручни училишта кои ќе одговорат на потребите на работодавачите и пазарот на трудот.

Атрактивноста на стручните училишта и обука е подобрена, што се гледа во зголемениот број на учениците во стручното образование.

Истовремено, Владата верува дека инвестирањето во иновативни и старт-ап компании ќе обезбеди можност за младите луѓе во државата и ќе ја намали економската миграција.

Создаваме стабилна економска средина, добри економски политики што може да ни помогнат во градењето атрактивна и предвидлива деловна средина.

Дали е ова доволно, велам не. А тоа го покажува и извештајот за кој ќе добиеме преглед.

Скоро секогаш кога зборуваме за миграција, ја слушаме / кажуваме реченицата – „Да ги задржиме младите дома!“ Верувам дека секој во оваа просторија кој е родител или барем се сеќава на младоста, знае дека младите, да ги задржиш било каде, не е никогаш опција.

Затоа да не ги задржуваме, туку да им дадеме крила, да создадеме можности што ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал во сопствената земја, но во исто време, ќе ги направи доволно конкурентни за светот.

Она што мора да го направиме е да не ги избегнуваме нашите проблеми, туку да се фокусираме на нив и да зборуваме отворено и најважно, е во дијалогот да ги вклучиме и нив. Тоа е она што оваа нова генерација го бара од нас! Импресиониран сум од нивната сила, чесност и храброст да кажат на глас сé што веќе не им користи или со што не се задоволни, но уште повеќе, да кажат што е она што го сакаат.

Горд сум што можам да кажам дека почнавме да ја креираме Националната развојна стратегија која е долгорочна визија за 20 години одржлив развој и раст на нашата земја и во процесот на нејзиното развивање, го правиме токму тоа, ги вклучуваме сите, се обидуваме да го направиме процесот инклузивен, особено за младите луѓе.

Посакувам кога бев млад некој да ми кажеше во која земја ќе живеам, работам и ќе обезбедувам живот во 20-те години што беа пред мене. Се надевам дека заедно со младите ќе успееме да ја создадеме оваа визија, но не само тоа, се надевам и дека заедно ќе можеме да ја креираме таа иднина.

Дозволете ми да заклучам со ова. Ние, земјите од Западен Балкан, го споделуваме истото минато, а истото важи и за нашата иднина. Треба, преку взаемна соработка, да ги зголемиме нашите предности и да ги искористиме како конкурентска предност за регионот.

И сето тоа додека чекориме право кон Европската Унија.

Со ова ќе се осигуриме дека нашите граѓани, особено младите, ќе гледаат јасна визија и иднина, а со оваа јаснотија ќе можат полесно да ги идентификуваат нивните амбиции и животот што очекуваат да го живеат во нашите држави, во нашиот регион. И тоа е она што го правиме, она кон што работиме, бидејќи тоа е иднината што ја сакаме.“

Можеби ќе ве интересира

Маричиќ: Со европската перспектива обезбедуваме повеќе европски програми и нови можности за младите

M T

Младите да бидат активно вклучени во носењето на одлуки – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на Валандово

M T

Битиќи од глобалната конференција за програмирање на Зелениот климатски фонд во Јужна Кореја: Од зависност, кон меѓузависност, соработката и солидарноста е нашиот пат напред и успех во справување со климатските промени

M T

Алкохолот им штети само на младите, а на постарите може ДУРИ да им биде корисен

M T

Битиќи на МЕФ22: “Спремни сме да направиме социјално праведна енергетска транзиција што ќе ни донесе енергетска безбедност и диверзификација”

M T

Костадиновска-Стојчевска: Културата и младите во фокусот на агендата на министерството

M T