Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Да се потпише договорот меѓу ЕУ и Македонија, Брисел ги повика земјите членки

Европската Комисија поднесе предлог за потпишување и склучување на договор меѓу ЕУ и Северна Македонија за Фронтекс. ЕК предлогот за договор со граничната и крајбрежна агенција на ЕУ, Фронтекс, го поднесе на 23 септември до Советот, т.е. земјите членки на ЕУ. Договорот до сега е блокиран поради Бугарија која не се согласуваше со употребата на терминот „македонски јазик” во текстот на договорот.

Во соопштението на ЕКсе наведува дека предлогот ќе помогне да се зајакне капацитетот на Фронтекс во најблиското соседство на ЕУ, преку помош за властите во земјава да се справат со нерегуларна миграција, борба против шверц и засилена безбедност на надворешните граници на ЕУ.

Комисијата вели дека договорот ќе содржи и „силни одредби за заштита на темелните права”.

Предлогот сега треба да го одобрат земјите членки на ЕУ за да може договорот да биде финализиран и да стапи на сила.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК