Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Забрчанец за Политика: Големо мнозинство граѓани го поддржуваат „Отворен Балкан“

„Овие денови во РСМ излезе нова анкета за истражување на јавното мислење, според која „Отворен Балкан“ ужива поддршка на 67 отсто од населението, 16 отсто немаат конкретен став, а само 17 отсто не ја подржуваат оваа иницијатива. Ова е четврта анкета на релевантна организација и агенција според која поддршката за „Отворен Балкан“ е висока. Поддршката е силна и кај Македонците и кај Албанците од Северна Македонија и кај социјалдемократите и кај конзервативците, и кај младите и кај старите, во градските и селските средини. Поддршката, секако, е особено висока во деловниот сектор. Стопанските комори се суштински и витален дел на скоро сите проекти на „Отворен Балкан“, а компаниите се први кои почувствуваа конкретни придобивки.“- изјавил МАрјан Забрчанец, координатор на иницијативата „Отворен Балкан“ за белградска Политика.

„Значаен исчекор е направен и со формирањето на работни групи, кои имаат за цел основање на заедничка агенција за инвестиции на „Отворен Балкан“, а која првата средба ја остварила за време на саемот. Започнат е и процесот на создавање на единствено инвестициско портфолио како пазар од повеќе од 12 милиони граѓани со целиот човечки, економски и природен потенцијал со кој распологаат државите заедно. Целта е јасна: да се понудиме на големи инвеститори од САД, како и да ги привлечеме ЕУ и светот како регион во кој може да ги шират своите деловни активности.“- додал Забрчанец.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК