Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Министерот Тупанчески се сретна со министерката за дигитализација на Словенија,Емилија Стојменова-Дух

Тупанчески во Љубљана се сретна со министерката без ресор задолжена за дититализација, Емилија Стојменова Дух. Стојменова која по потекло е од нашата држава изрази подготвеност да ни помогне во процесот на реализација на дигитализацијата во судската и обвинителската дејност.Министерот Тупанчески ја информираше Стојменова за дигитализацијата во нашиот судски систем кој ќе биде предизвик за отстранување на факторите кои доведуваат до криминал и корупција.Нагласена беше потребата од интероперабилност и поголемо дигитално поврзување на институциите.Стојменова го пренесе искуството на Словенија во оваа област нагласувајќи дека Центарот за информатика во Врховниот суд има голема улога во имплементацијата на целиот процес .Тупанчески и Стојменова-Дух се договорија да се интензивира соработката меѓу двете држави во пресрет на преговарачкиот процес со ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Божиновска: Декарбонизацијата-конкретен патоказ и дел од нашите обврски кон ЕУ

ДЕСК

УХМР најавува нестабилно време: Викендот носи поројни дождови, грмежи и можни локални невремиња – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СДСМ: Професорката Гордана Сиљановска-Давкова падна на испит во Словенија

ДЕСК