Синоќа (15.11.2026), полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во угостителски објект во Богданци. При контролата во објектот биле затекнати четири малолетни лица по 24:00 часот, кои од вработени во објектот биле послужени со алкохол. Со малолетниците бил извршен службен разговор во присуство на нивните родители, за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


