На 14.11.2026 во 16:50 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 42-годишен жител на струмичко, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга. Извршено е алкотестирање со дрегер, при што било утврдено дека лицето има 1,29 промили алкохол во организмот и бил задржан во Полициската станица Струмица. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


