Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба Османи – Касулидес

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Кипар Јанис Касулидес, на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а се разговараше и за начините како да се зајакне соработката, по долги години на многу скромна размена, за што постои подготвеност и јасно изразен интерес.

Во однос на евроатлантските интеграции, изразувајќи задоволство од одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската унија, министерот Касулидес ја реафирмирана целосната поддршка на Кипар за политиката на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, и како силен поддржувач, Кипар ќе продолжи да биде силен промотор во понатамошната интеграција и продолжувањето на формалните пристапни преговори за членство со ЕУ.

Двајцата министри разговараа и за енергетските и пошироки економски последици врз европскиот континент, како рефлексија на војната во Украина.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Пост-мониторингот заврши, но потребни се уште многу тешки реформи

ДЕСК

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК