14.8 C
Скопје
3. октомври 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМозаик

Зафатеноста е причина за лошата исхрана: Еве што да појадувате на работа

Зафатеноста, премногу работа и малку време за пауза и ручек се вообичаени причини за лошата исхрана кај многу вработени. Креирањето мени за работа може да биде заморно бидејќи бара стекнување нова навика која, заедно со многу други обврски, може да биде проблем.

Поради оваа причина, обично изгледа како да јадеме нешто набрзина на работа, патем, пециво од пекара или нарачуваме храна од ресторан на која трошиме премногу пари. Појадокот на работа е почесто пециво и кафе отколку здрава алтернатива.

Ручекот на работа, пак, е често занемарен оброк кој најчесто се случува набрзина, но токму тоа е потребно за да може добро да се функционира во текот на денот.

Ви носиме предлози за здрави ужини каде нема да трошите пари на нездрави грицки и пецива кои ве дебелеат, ќе се заситите и ќе се чувствувате добро.

Јајца
Едно јајце содржи 7 грама висококвалитетни протеини, а оваа храна е богата со витамини и минерали кои се важни за правилно извршување на метаболичките процеси во организмот. Готвени или во форма на матени јајца најдобро одат во комбинација со леб од цело зрно, младо сирење и сезонски зеленчук.

Банани
Богати се со сложени јаглехидрати, калиум и витамин Б6, поради што долго ве одржуваат сити, што ги прави една од најдобрите слатки опции за појадок.

Чиа семе
Само две лажици чиа семе содржат 11 грама влакна, 4 грама протеини и 12 грама јаглени хидрати, што го прави пудингот од чиа семе совршена опција за првиот оброк во денот.

Свежо сирење
200 грама младо сирење содржи само 150 калории, неверојатни 25 грама протеини и околу 50 отсто од препорачаната дневна доза на витамин Б12, кој е неопходен за бројни енергетски ензимски реакции во телото. Богато е и со селен, кој е моќен антиоксиданс и што е најважно, ве држи сити долго време. Јадете го во комбинација со леб од цели зрна, јајца, зеленчук и овошје.

Авокадо
Со 160 калории, 7 грама влакна и 15 грама здрави масти, авокадото непрекинато нè снабдува со енергија неколку часа. Покрај тоа, го забрзува метаболизмот и е богато со разградливи влакна кои ги хранат добрите бактерии во нашите црева.

Јогурт
Содржи јаглехидрати, масти и протеини кои ќе ви ја дадат потребната енергија на почетокот на денот, а можете да ја консумирате во комбинација со тост леб од цело зрно, семки од чиа и овошје.

Можеби ќе ве интересира

Како да го победите брзото темпо на работа и да бидете успешни: Од нас се бара да работиме понапорно и побрзо, како и подобро и поевтино

M T

Еве во која европска земја луѓето работат најмалку и најмногу отсуствуваат од работа

M T

Бремените жени и хронично болните ослободени од работа

M T

Ковачевски: Во овој голем ден е вграден трудот и работата на сите граѓани и чинители од осамостојувањето до сега

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ја блокира работата на Собранието

M T

Ахмети: Со работа и инвестиции државата се движи кон развој

M T