4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКНАУКА

Швајцарски астрофизичар: За 25 години ќе лоцираме вонземјани

Швајцарскиот астрофизичар Саша Кванц верува дека луѓето ќе лоцираат вонземски живот надвор од Сончевиот систем за 25 години, но само со посилна и попродорна технологија од телескопот „Џејмс Веб“.

Саша Кванц, кој работи во Швајцарскиот федерален институт за технологија „ETH Zurich“, тврди дека временската рамка од 25 години е амбициозна, но не и нереална.

Сегашниот голем телескоп „Џејмс Веб“ не е направен исклучиво за набљудување егзопланети, туку за анализа на најстарите ѕвезди во универзумот.

Кванц објаснува дека „Веб“, иако е најмоќната опсерваторија некогаш поставена во вселената, не е доволно моќна да собере многу помали планети слични на Земјата кои орбитираат доволно блиску до нивните ѕвезди за да бидат домаќини на течна вода.

Кванц и неговиот тим го предводат развојот на средно-инфрацрвениот „ЕЛТ Имиџер“ и спектрограф, уникатен инструмент од ваков вид, кој ќе биде дел од „Екстремно Големиот Телескоп“ и ќе го наследи „Џејмс Веб“.

Тој голем телескоп го гради Европската јужна опсерваторија во Чиле, а кога ќе биде завршен на крајот на деценијата, ќе има огледало широко 40 метри, што ќе го направи идниот најголем оптички телескоп во светот.

Примарната цел на инструментот ќе биде да ја направи првата слика од потенцијални планети слични на Земјата.

– Нашата долгорочна визија е да испитаме десетици ѕвезди и да ги истражиме атмосферите на егзопланетите слични на Земјата.

Мора да стекнеме подлабоко разбирање за можните „градежни блокови“ на животот, патишта и временски рамки на хемиски реакции и надворешни услови, кои ќе ни помогнат да ги одредиме приоритетите во таргетирањето на ѕвездите – вели Кванц.

Можеби ќе ве интересира

Зошто кралицата Елизабета никогаш службено не ја посети родната земја на својот сопруг

M T

Кралот Чарлс: Ќе и служам на земјата несебично како мајка ми

M T

Кинески научници официјално: Можеби сме фатиле сигнали од ВОНЗЕМЈАНИ

M T

Ѕвездите откриваат: Еве што ни подготвува МЕСЕЦ ЈУНИ

M T

Експлодираше најголемиот сончев одблесок досега, затемнување на Земјата. Што е следно?

M T

22 Април – Ден на планетата Земја

M T