Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Санкции за 17 пијани возачи на територија на СВР Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (17/18 септември) од 22 до 4 часот, спроведоа акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.Во контролата откриени се вкупно 17 прекршоци, односно возачи под дејство на алкохол (ТЕ-15 и ГВ-2). Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.Со соодветни поднесоци санкционирани се и уште 15 други видови сообраќајни прекршоци(ТЕ-9 и ГВ-6).

СВР Тетово апелира до возачите да не ги управуваат возилата под дејство на алкохол затоа што на тој начин ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Комисијата за култура и туризам во посета на Археолошкиот музеј

ДЕСК

Јованчев: Владата на СДС и ДУИ во 2023 барала деловна соработка со Алта банка од Србија

ДЕСК

ОД НЕДЕЛА НОВА ОБВРСКА ЗА ВОЗАЧИТЕ – Зимската опрема станува задолжителна

ДЕСК