Членови на Комисијата за култура и туризам, денеска, остварија работна посета на Археолошкиот музеј. Посетата се реализираше во рамките на активностите на Работната група за посета на институции од областа на културата.
Главна тема на средбата беше Предлог-националната стратегија за заштита и користење на културното наследство за периодот 2027–2031 година, која е влезена во собраниска процедура, како и други актуелни прашања поврзани со работата и функционирањето на Археолошкиот музеј.
На средбата присуствуваа пратеничките Велика Стојкова Серафимовска, Лидија Петкоска и Каролина Насковска.
Директорката на Археолошкиот музеј, Магдалена Манаскова, и кустосот советник, Перо Арџанлиев, ги запознаа присутните со тековните активности и проекти на институцијата, при што изнесоа свои видувања, сугестии и коментари во однос на предложениот текст на Националната стратегија.
фото Собрание


