Centar.mk
-БИЗНИС

Димитриеска-Кочоска: За Алта банка мора да зборуваат фактите и документите, а не политичките шпекулации

Министерството за финансии и Народната банка имаат различни, јасно дефинирани законски надлежности во финансискиот систем, при што надзорот над банките, издавањето и одземањето дозволи за работа, како и преземањето надзорни и корективни мерки се во надлежност на Народната банка, како независна институција. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието, посветена на причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност.

Министерката посочи дека во изминатиот период во јавноста беа изнесени бројни тврдења за наводна вмешаност на Министерството за финансии во случајот, при што нагласи дека е неопходно да се прави јасна разлика меѓу законските надлежности на институциите и политичките интерпретации.

„Кога станува збор за вакви сериозни прашања, должни сме да правиме разлика меѓу факти и политички интерпретации, меѓу документи и претпоставки, како и меѓу институционална одговорност и политичка конструкција. Институционалната одговорност не се утврдува со гласноста на обвинувањето, туку со надлежноста и со доказите“, истакна Димитриеска-Кочоска.
Таа појасни дека Министерството за финансии е одговорно за управувањето со јавните финансии, водењето на фискалната политика, фискалната стабилност и одржливоста на јавниот долг, како и за подготовка на законската регулатива во областа на финансискиот систем, вклучително и банкарскиот сектор.

Од друга страна, надзорот над работењето на банките и оценувањето на исполнетоста на законските услови за стекнување квалификувано учество, како и преземањето мерки за заштита на стабилноста на банкарскиот систем, се законски утврдени надлежности на Народната банка.
Димитриеска-Кочоска нагласи дека банкарскиот систем е еден од најстрого регулираните сегменти на економијата, токму поради неговото значење за довербата на граѓаните, сигурноста на нивните депозити и стабилноста на целокупната економија. Одлуките во овој сектор се носат врз основа на јасна законска регулатива, стручни процени и утврдени процедури.

Министерството за финансии, како што истакна министерката, останува отворено за сите прашања што се во рамките на неговите законски надлежности и подготвено да ги презентира релевантните информации и документи.

Можеби ќе ве интересира

Јованчев: Владата на СДС и ДУИ во 2023 барала деловна соработка со Алта банка од Србија

ДЕСК

Блажо Ѓорев на BCIU настан во Њујорк: Балканот нуди повеќе можности отколку ризици за американските компании

ДЕСК

ОД НЕДЕЛА НОВА ОБВРСКА ЗА ВОЗАЧИТЕ – Зимската опрема станува задолжителна

ДЕСК