28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

РСБСП: Возете велосипед! Бидете внимателни и одговорни велосипедисти!

„Европска недела на мобилност“ е кампања во рамките на која РСБСП со активности се приклучува кон истоимената кампања која Европската комисија од 2002 година до денес ја спроведува во третата седмица од септември секоја година.

Целта на оваа кампања е формирање на здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативни форми на мобилност затоа што возењето велосипед е здрава навика која позитивно влијае на здравјето на луѓето, ја заштитува околината и ја намалува емисијата на гасови. Секојдневно користење на велосипед е неспоредливо поевтин начин на урбана мобилност од кое било друго превозно средство со бесплатно место за паркирање, велосипедот претставува доминантно превозно средство на кратко растојание до 5 километри во урбана средина од аспект на побрзо и побезбедно пристигнување до целта, а секој велосипед повеќе значи моторно возило помалку, што значи и намалување на сообраќајниот метеж и побезбеден сообраќај.

Велосипедскиот сообраќај денес се промовира бидејќи:

• е еколошки најодржлива форма на сообраќај
• троши малку енергија
• не бара многу простор за движење и за паркирање
• е најевтин начин на урбана мобилност
• придонесува за унапредување на здравјето.

Освен пешачењето, велосипедот е средство за транспорт со кое може директно да се пристапи до целта на патувањето, има мала потрошувачка на енергија, не загадува, придонесува за одржување на здравјето на луѓето, овозможува заштеда на простор (велосипедот бара релативно малку простор за движење и мирување)
Велосипедот е рамноправно превозно средство во сообраќајот на патиштата. Велосипедистите треба да се движат по означени велосипедски патеки, а каде што нема такви треба да се движат од десната страна, покрај работ, на коловозот.

РСБСП укажува на здравствените, еколошките, економските, социјалните и други придобивки од возењето велосипед и апелира:

Возете велосипед! Бидете внимателни и одговорни велосипедисти!

Можеби ќе ве интересира

НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ Успение на Пресвета Богородица: денес е ден на сите жени и мајки!

ДЕСК

Растот на платите го надминува растот на цените – економијата се движи во позитивна насока, тврди министерката Кочоска

ДЕСК

Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

ДЕСК