Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен измамник од Романија

На 15.09.2022 во 13.30 часот во с.Ранковце, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишиле од слобода Г.И.(23) од Романија. Тој се сомничи дека истиот ден измамил 74-годишен маж од Крива Паланка за сума од 700 евра. Како што е пријавено, тој се претставил дека е претставник на компанија за брендирани производи за домаќинство и се договориле за сумата да му продаде некои производи.

Откако Г.И. заминал оштетениот забележал дека производите не се од компанијата, односно не се оригинали, по што настанот го пријавил во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ИЛЈАДНИЦИ АМАНДМАНИ ГО ЗАКОЧИЈА ЗАКОНОТ – Жестока битка за јавните набавки во Собранието

ДЕСК

Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?

ДЕСК

Мицкоски: Знаеле кој е Мацура, документите потврдуваат- Владата на СДСМ носи одлука за деловен однос со Алта Банка

ДЕСК