Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тасевски и Спасовски го посетија Оперативниот координативен центар на Гранична Полиција на Министерството за внатрешни работи на Република Романија

Фејсбук статус на директорот на БЈБ Саше Тасевски:

Во рамки на меѓународната агенда на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, која започна денес, заедно со Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија г-дин Оливер Спасовски го посетивме Оперативниот координативен центар на Гранична Полиција на Министерството за внатрешни работи на Република Романија каде присуствувавме на кратка презентација која беше реализирана од страна на колегите од Романија. Исто така, во Министерството за внатрешни работи на Република Романија имавме средба со романскиот Министер за внатрешни работи г-дин Лучијан Никола Боде, како и со Директорот на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК, г-дин Огуз Серкант АКИН, а во рамки посетата на седиштето на СЕЛЕК во Букурешт.

На средбите ја потенциравме досегашната одлична соработка, како и значајноста на Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа како оперативна организација која ја олеснува брзата размена на информации меѓу агенциите за спроведување на законот од земјите членки во областите на прекуграничен криминал.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК