8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски по повод денот на демократијата: Демократијата е универзална вредност базирана на слободна волја на луѓето

Фејсбук статус на Министерот Оливер Спасовски:

Во свое и во име на МВР упатувам честитки по повод Денот на демократијата, кој Обединетите Нации го одбележуваат во насока на подигнување на свеста за демократските права, а годинава се чествува во знак на заштита на медиумските слободи.

Демократијата е универзална вредност базирана на слободна волја на луѓето да одлучат за своите политички, економски, социјални и други права преку кои партиципираат во општествениот живот, односно на граѓаните е да ја практикуваат моќта која им ја дава демократијата.

Токму заштитата на слободата на медиумите е критична компонента за една демократија, за мирот и стабилноста на општеството, на регионално и глобално ниво. Во таа насока говори и транспарентноста на институциите и соработката со медиумите и медиумските работници.

Можам со задоволство да кажам дека согласно презентираните резултати на Фондацијата Метаморфозис, МВР е една од најтранспарентните институции во земјата и регионот, односно Индексот на отвореност за МВР говори за 76.10% исполнетост на индикаторите за отвореност. Тоа покажува исклучителна транспарентност во споредба со минатото, како важен фактор во имплементација на антикорупциските политики и проактивноста на институциите, овозможувајќи граѓаните, граѓанските организации и претставниците на медиумите полесно, побрзо и поефикасно да добиваат информации за работењето на институциите и да вршат контрола врз нивното работење.

Во таа насока говори и одличната соработка со медиумите која се надоградува преку заеднички работилници и други активности на полицијата и новинарите. Како МВР остануваме посветени на безбедноста на новинарите, што е од интерес за целото општество, а токму измените во Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на новинарите, а кои се очекува да бидат усвоени од Парламентот, ќе дадат голем придонес за тоа.

Нека е честит Денот на демократијата!