Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена.
Прогноза за 16.07.2026
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 31°C до 38°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 17.07.2026
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 38°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 18.07.2026
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 33°C до 39°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.


