Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ТЕЖОК АБЕР КАЈ РОСТУШЕ: Трицикл излетал од коловоз, возачот пренесен во „Свети Еразмо“

На 13.07.2026 околу 16:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат во близина на влезот во с. Ростуше, трицикл „јамаха“ со италијански регистарски ознаки, управуван од Ф.Р.М. (66) од Италија, со престојувалиште во с. Велебрдо, излетал од коловозот.

При тоа возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.