22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(Фото и Видео) ЦУК: Успешно спасување на две туристки од Полска паднати во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“ преку 112

Денеска, успешно се реализираше акција на спасување на две туристки од Полска кај макастиркиот комплекс „Трескавец“, паднати во пресек од карпа над провлија координирани преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на Единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК – 112, во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, а во координција со РЦУК Прилеп со надлежните институции за вакови случаи од Системот за управување со кризи. Успешната спасувачка акција конкртно и брзо ја реализирал Дарко Недановски со колегата Иван Атанасовски, инаку членови – доброволци од спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп. Недановки е познат и по многу спасувачки и истражувачки акции во земјава и странство и е држвен рекордер во спуштање во длабочина, а е и претседател на Спелолошката федерација на Македонија
Конкретно, во 16:00 часот двете туристки – млади девојки од Полска, од локација кај манастирот „Трескавец“, преку Единствениот телефонски број за итни повици на ЦУК – 112, побарале помош бидејќи при движење надолу од манастирот кон градот, паднале во процеп на стрмна карпа над провалија и биле во опасност да се повредат, а едната од нив се држела за карпа. Тие биле дел од поголема група туристи и биле заостанати од групата којашто се враќала од посетата на македонскиот прекрасен и познат манастирски комплекс.

Известени сме дека покрај доброволното друштво „Златоврв“ од Прилеп, на терен излегла екипа и од ТППП Прилеп (4 пожарникари со 1 теренско возило) од 16.10ч. За настанот биле известени и ДЗС – Прилеп и МВР (ЦИК- Битола).

На крај на извештакот, РЦУК – Битола извести дека двете девојки – туристки од Полска кај „Трескавец“, се пронајдени и извлечени во 17:15 часот од доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и дека се во добра здраствена состојба. Недановски не извести дека само на рацете имале неколку гребнатини.