22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Сите ја правиме истата грешка: Доктор објасни во кои ситуации НИКОГАШ не треба да пиете вода

Кога станува збор за здравјето и убавината, постои нешто што често се повторува, а тоа е хидратацијата. „Пиј повеќе вода“ е најчесто слушаниот слоган и се препорачува како лек за сите.

Ако се чувствувате дехидрирано, треба да пиете повеќе вода, ако имате главоболка, повеќе вода, ако кожата ви изгледа сува, пијте повеќе вода, но сепак треба да внимавате кога и колку вода внесувате во телото .

Нутриционистите и лекарите обично препорачуваат да пиеме по осум чаши вода секој ден, но некои експерти велат дека количината е сомнителна и зависи од личноста. Без разлика на овие спротивставени мислења на лекарите, она што е непобитно е дека хидратацијата на организмот е исклучително важна.

Водата е неопходна за метаболизмот и нормалните физиолошки функции. Во исто време, обезбедува внесување на есенцијални материи како што се калциум, магнезиум и флуор. Помага за исфрлање на токсините од виталните органи, а ги носи хранливите материи до клетките, ја хидрира кожата, ја одржува нормалната телесна температура и притисок.

Кога не треба да пиете премногу вода?

Постојат ситуации кога всушност не треба да пиете вода или кога треба да го намалите нејзиниот внес на минимум. Нефрологот Вадим Цветков открил во кои случаи поголемата количина течност повеќе би му наштетила на организмот, отколку што му користела.

Експертот препорача прво да внимавате на бојата на урината. Ако е светло жолта и може да се опише како проѕирно, тогаш тоа укажува на доволен внес на течности. Односно, не мора да претерувате и да го „бркате“ препорачаниот внес од осум или повеќе чаши.

Секако, ситуацијата во која не е препорачливо да „лиете“ вода е кога веќе сте внеле доволно други течности – чаеви, сокови и слично. Како и со дехидрацијата, вишокот на влага во клетките ќе доведе до дисбаланс на електролити.

Нефрологот укажа и на грешката која многумина ја прават, а тоа е да пијат вода веднаш после јадење. Во овој случај ќе има надуеност и чувство на тежина во стомакот. Ефектот на забрзување на метаболизмот, кој е поврзан со внесот на вода, овојпат ќе изостане, но само ќе создаде поголеми проблеми.

Друга грешка што ја прават речиси сите кои се физички активни е да пијат течности додека вежбаат.

Д-р Цветков вели дека не треба да пиете многу вода за време на интензивниот тренинг. Бидејќи телото губи важни соли и елементи во трагови, секако е подобро да се консумираат специјални пијалоци за спортисти кои ги надополнуваат овие хранливи материи.

Можеби ќе ве интересира

ВНИМАВАЈТЕ – Ова е грешка при изборот на градник што ја прават речиси сите жени

M T

Делови од скопски општини без вода за пиење

M T

Една грешка во спиењето влијае на лошиот сон: Еве е што е пресудно за ноќ без будење

M T

Седум симптоми на премногу вода во вашето тело

M T

Без вода дел од општина Аеродром

M T

Не претерувајте, пронајдена е формула која открива колку вода треба да пиете дневно

M T