Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Референдумот на Мицкоски против ЕУ е обид за уназадување на државата

„Иницијативата за референдум е единствено за личен спас на фотелјата на Христијан Мицкоски во Белиот дворец, тоа e ретрограден процес што има за цел да ја уназади државата и да го попречи интегрирањето во ЕУ.

Таканаречените активни и пасивни блокади на ВМРО-ДПМНЕ се поради плашливото и кукавичко однесување на Мицкоски, а и иницијативата за референдум е токму тоа – кукавичлук на Мицкоски.

Во таквото однесување Мицкоски е сам и изолиран а доказ за тоа се и јавните изјави на истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ кои не се сложуваат со таквите постапки на Мицкоски.

Во клучни и сериозни времиња, Мицкоски со иницијатива што однапред е осудена на неуспех, сака да го попречи нормалното функционирање на државата, на штета на граѓаните и економијата.

Граѓаните нема да дозволат Мицкоски заради лични хирови да ја врати државата назад во време на изолација и поделби.

Неговите деструктивни политики одново ќе бидат силно поразени“.

Соопштение на СДСМ

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК