Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СТРАШЕН СУДИР НА ДВА АВТОМОБИЛИ КАЈ СКОПЈЕ: Повредени деца на возраст од 12 до 15 години

На 12.06.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат с.Љуботен – с.Радишани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишната Ф.М. и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(20), двајцата од с.Љуботен, скопско. Во несреќата од возилото „мерцедес“ со тешки телесни повреди се здобила Ф.М. и нејзината сопатничка Б.И., а со телесни повреди се здобиле четири малолетници на возраст од 12 до 15 години.

Додека, од возилото „голф“ со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Љ., а со телесни повреди се здобила неговата 50-годишна сопатничка С.Љ. од с.Љубин, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ и ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ во Скопје. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.