Centar.mk
фото Влада
-МАКЕДОНИЈА

ДРАМА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДЕВЕ БАИР: Возач на товарно „рено“ приложил фалсификувани документи

На 12.06.2026 во 07:45 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишија од слобода М.Ч.(47) од Република Турција.

При извршена пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека М.Ч. на увид приложил фалсификувани зелени карти за товарното возило „рено“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал.

Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.