Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Македонците и јазикот се во личната карта на ОН, во ЕУ се преведуваат првите документи

„Го зачувавме, го потврдивме и го зајакнавме македонскиот идентитет. Македонците и македонскиот јазик се впишани во личната карта на Обединетите нации. Првите документи во Брисел веќе се преведуваат на македонски јазик. Европската унија нè прифати како Македонци, кои говорат македонски јазик“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на централната прослава за 8 Септември – Денот на независноста.

Тој додаде дека сме почитувани и признаени и како држава на богаство од различност каде што сите кои живеат тука имаат исти права и должност и делат исти демократски вредности – Европа во мало.

„Нашата историја е запишана во нас – се пренесувала и ќе се пренесува низ нашите поколенија – и тоа е непроменлив факт! Ја имаме шансата, во ваквите околности, да им го отвориме патот на прогресот на новите генерации, како што нам ни беше отворен – и наша должност е да го направиме тоа“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека седнавме на европската маса каде што ни е местото, бидејќи споделуваме европски вредности на дело.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

ДЕСК