Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

„Слави со срце, не со оружје“ – кампања на МВР и УНДП против пукањето на веселби

Оружјето и пиротехничките средства не се добредојдени „гости“ на прославите- е главната порака на кампањата „Слави со срце, не со оружје“, која во изминатиот период ја спроведе Министерството за внатрешни работи во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Во рамки на активноста, полициски службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи во државата, разговараа со граѓаните и им поделија едукативен печатен материјал во кој се потенцирани последиците од употребата на оружје на семејни веселби.

„Покрај репресивните мерки кои ги преземаме, се разбира, работиме и превентивно за заеднички да ја елиминираме оваа несакана појава која за жал е присутна со години, не само во нашата држава туку и во опкружувањето. Нашите одделенија за превенција секојдневно организираа активности на територијата на целата држава, на кои ги информиравме граѓаните за законските одредби што го санкционираат таквото однесување и казните кои се изрекуваат, а особено внимание беше посветено за опасностите од употребата на оружјето по здравјето и животот. Покрај непосредните разговори и укажувања, на граѓаните им поделивме и едукативен печатен материјал со цел да влијаеме на нивната свест“, вели Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи.

Употребата на огнено оружје се санкционира по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години. Во рамки на кампањата на граѓаните им беше укажано дека славеничкото пукање може да биде фатално и да заврши со смртни случаи, повреди, оштетувања на имотот и други последици. „Традиционално, оружјето се користи за славеничко пукање. Сигурна сум дека никој намерно не сака најсреќниот ден на едно семејство да го претвори во голема трагедија за друго, но тоа всушност може да се случи, и се случувало. Оттука, навистина е многу важно сите ние, не само да го кренеме гласот против славеничкото пукање, туку и да преземеме акција. Да преземеме одговорност и да покажеме дека најдобриот начин да се слави е со пеење и со играње, а не со пукање“, рече Сања Бојаниќ, заменичка на постојаниот претставник на УНДП. Превентивната кампањата „Слави со срце, не со оружје“ се спроведе како дел од оперативниот план на МВР „Безбедно лето 2022“, а беше поддржана од УНДП во рамки на проектот „Прекуграничен интегриран институционален пристап во борбата со нелегална трговија со оружје и мало и лесно оружје“.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Ковачевски до Мицкоски: Не е храборст да се криеш зад Апасиев и да бараш предвремени избори затоа што си уплашен

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се совршена комбинација за хаос и деструкција, порача вечерва претседателот Димитар Ковачевски на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Куманово. Ковачевски истакна дека… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

Можеби ќе ве интересира

Овие хороскопски знаци се заљубуваат во физичкиот изглед, а не во срцето

M T

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу МВР на Република Северна Македонија и Генералниот инспекторат на безбедносните сили на Чешката Република

M T

МВР: Да ги заштитиме децата во сообраќајот! Безбедноста зависи од сите нас!

M T

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

M T

Овој лек може да му наштети на вашето срце поради неговата скриена содржина на сол

M T

МВР и Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција се приклучија кон кампањата на UNODC – „Use and Abuse of Technology”

M T